На сон еве пак ми идиш,
Дали сакаш да ме видиш,
Или прошка ти ќе молиш,
Ќе ти простам, а знам душа ќе ме боли.
За надеж солза ти ми прати,
Во срце железни затвори врати
Лага беше и по сто пати
За верност цена нема да се плати.
Еј стара мајко памет давај,
На душа огин не ми клавај,
Кажи дека и ти и простуваш,
Ти не грешиш, ќе те послушам.
Сега срце пак ме лаже,
Мајка нема што да каже.
Цели ноќи вино пијам, Несреќен сум, јас не кријам
Скопје, 31.01.2001, среда, 04:17 часот.