Будење

Ме пробуди ѕвоно, еден удар тап,

го пратеше него и еден писклив глас.

Будење рано пред првата зора,

да се дочека денот веднаш ќе мора.

Убавина една како момина солза,

утрото летно раширило крилја,

срамежливо гледа,

а таа горда во зелена свила.