Мислата ме води до стара чаршија,
Приказни за еснаф, кружат по традиција,
Мајстор калфа учи да почитува
Велат таков живот имала Тиквешијата
Денес светот малку е поразличен,
Животот е суров и динамичен,
Сакам да се врати една стара навика
Да се памти градот наш за век и векова
Кавадарци, на душа топлина и даваш
Со векови не се предаваш
Ние сме со тебе, во срца тајна чуваме
На секој успех нов се радуваме
Лоза, род и грозје,
Лозар, бочва, ракија,
Виното е гордост,
Капка божија,
Аманет од стари
велат не се оддава
Тоа се наши тајни
како библија
Кавадарци, на душа топлина и даваш
Со векови не се предаваш
Ние сме со тебе, во срце тајна чуваме На секој успех нов се радуваме
Кавадарци, 7 септември 2010, вторник, 06:10 минути