МАНАСТИР

Стрмен пат и една желба силна

ќе ме однесат знам до убавината ширна.

Манастир убав да ти застане здив,

да ти заигра душа, да затрепери глас.

Шепотот овде ветер го носи,

природата тука е пријател твој,

каменот направил свој вечен дом,

приказна една од зборови сто.

И утро ќе дојде со радосен пој,

птици со цвркот ќе разиграат се,

ќе танцува во ритам и потокот брз, ќе биде тоа уште еден убав ден.

Охрид, 25.05.2005, среда, 07:25