ЗА МАРИЈА

Еве брате песна пеам,

Срце плаче, јас се смеам,

Збор ти дадов, свадба правам

Ќе се женам, љубов давам.

Снаа куќи јас ви носам,

Плаче небо, ситна роса.

Бегалка е гола, боса,

Има срце, душа и златна коса.

Марија, среќо моја небесна,

Дали ќе бидеш моја невеста?

Дали со мене ќе се радуваш,

И усни во ноќи ќе ми бакнуваш

Кавадарци, 15.07.1995, среда, 09:29.