Денес куќа ни е полна
мојата душа празна, болна.
Татко весел ќерка дава,
свадба е, мајка сватови дарува.
Стројно момче оро води,
син ќе сака да се роди.
А јас пусто не го сакам,
кој ме праша за мојата мака.
Само еднаш срце сака,
тебе радост, мене мака,
прави мајко што ќе правиш
или вето давам ќе ме заборавиш!
Еве долго време мина,
тагата уште не ми помина,
прво либе не заборавив,
тајна вечна во душа заклучив.
Ех да можам да Ви кажам,
Немој стари да Ве лажат,
само еднаш срце давај, љуби докрај, не се предавај.
Банско, Пирин планина, Бугарија, 19.01.2012, четврток, 11:44.