Кога ветерот го милува класјето,
и жетварот го милува српот,
и кога старата јасенова сенка
пријателски ги милува вредните жетвари,
и кога каменот ја милува водата
што живот значи за старата воденица,
тогаш милувањето е милување од срце.
Нови Сад, 01.08.2002, четврток, 08:02