ПАТУВАМ

Тивко срцето ми чука,

како часовник на рака,

а ти пак не си тука,

кој ја мери мојата мака.

Зарем многу барам сега,

два, три грста среќни зрака,

или срце да ти пратам,

да ти кажам колку те сакам.

И целиот свет, еј, да се сруши,

ние ќе останеме баш сродни души,

и целиот свет да застане,

за мене и за тебе.

И целиот свет, еј, да се сруши,

ние ќе останеме баш сродни души,

и целиот свет да застане,

кога те чувам во себе.

Се што ќе погледнам се руши,

од каде толку немир, толку чисти души,

секој совет да ми дава, свет луд,

зар секој има права.

Јас со времето се борам,

за слобода ко нов херој се молам,

спрема ветер силно стојам,

годините одлетале, а јас ги бројам.

Фиренца, Италија, 10 мај 2012 година, четврток, 12:01.