ПЕСНА ЗА ЕДЕН ШТУРЕЦ И ТОЈ РИСТО СОКОЛОВ

Штурецот и денес ја разлеа својата песна,

навидум едноставна, еднолична, за слушање лесна.

Колку чудно, еден живот цел, а само еден стих.

Таков е и тој, оној со брадата пријателот мој,

никогаш  на земја во облаци и со широки крилја лет

вечниот Ристо Соколов со око на сокол.

Си милува платната, им разлева бои,

ја предава душата и мислите свои,

со поглед ќе се загуби во времето вечно,

природа, цвет, манастир, па на овошје сочно.

Таа четка и желба цврста,

ќе набрекнат, мислиш ќе прснат.

И ако, нека направат неред, се има на тоа платно

што има во таа душа и изгубен поглед.

Солун, Грција, 10.09.2014, среда, 14:20 часот.