Еве Цвето пак е пролет,
Твоите уште не те дават.
Знам ќе мине ова лето,
Без тебе се да е проклето.
Млади бевме да ги сватам,
Е сега веќе не е така.
Денес в куќи да ти свратам
Да им кажам јас те сакам
Цветници е Цвето моја,
Пак ќе молам рака твоја,
Еве срце и збор ќе давам,
Ова пролет свадба правам.
Стара мајка дарој спрема,
Свекор бочви вино зема
Цела куќа радост блика
Ќе се женам гласно викам.
Прилеп, 13.04.1999, вторник, 15:39 часот.