ОВЧАРОТ

Бело стадо голем број, блеат овци, мислиш пчели рој.

Кавал една тажна, а убава е песната што ја свири тој,

тој сведок вечен, тој немир мој.

Ќе се симне в село од планината ширна,

ќе раскажува со часови за убавината мирна.

Им се восхитува старецот на деновите свои,

а јас пак немирен трпам, што јас не сум тој.

Каква е оваа неправда, можам да напишам песна, убав стих,

толку немирен, а тој толку тих.

Ќе понудам се што ќе посака тој овчар стар,

да го доживеам само еднаш тој само нему подарен дар.

Венеција, Италија, 30.06.2010, среда. 17:06.