Гласови се слушаат, молчам и чекам.
Топол вечерен ветер најавува гости.
Свилениот шепот, нејзина наметка,
нејзината песна тивка, а силна.
Самовила бела со прозирни коси,
насмевка и нејзините нозе боси.
Ќе заигра таа вечерна романса,
на чешмата стара, крај стариот мост.
На гумното мало, крај златниот поток,
видоа тие, поитаа тука.
Разголија душа, кренаа поглед,
како песна од кавал со оро во недоглед.
Играа три или пет самовила беа,
од убавината нивна слепило дојде,
кој не слушнал или видел убавина таква,
еден ден, во рајот ќе мора да појде.
Ваташа, 15.04.2004, четврток, 18:30.