Стар е тој јунак во оваа песна,
мал – голем човек во кожа тесна.
По природа тивка, весела душа,
и кога шепоти радост се слуша.
Години има и брчки безброј,
седа коса, како цел негов сој.
Дете во него со високо чело,
таков е Ромбо со лик и со дело.
Ќе нацрта слика, од глина ќе направи кош,
ќе подари љубов, не бара грош.
Ќе остава трага во времето наше,
ќе викне на глас, ова е Ваше!
Еден ден ќе се збогува,
со мене и тој со светот свој,
ќе се памти и по некои дела,
иако не се во голем број.
За овој јунак и пријател мој,
ветив еднаш ќе напишам стих,
за неговата љубов и пријатен лик,
за неговиот чекор и живот тих.
Кавадарци, 30.12.2011, петок, 13:13 часот.