НEMИР

Една стара штипска калдрма,

и желба топла искрена,

друштво, иста маса и пастрмајлија,

ете тоа е мојата приказна.

Сега чиниш времето ќе одлета,

а се прашуваш што ни донесе,

спомен стар за тие денови,

по некоја солза и носталгија.

Да си дома, да си меѓу свои ти,

да имаш сила, да поместиш планини,

само тука имам своја сенка јас,

те имам тебе и твојот нежен глас.

Не знам каде денес свеќа ќе запалам,

во гради немир имам, тоа го чуствувам.

Полна куќа стара, гости и пријатели,

слава мои чекаат, а каде сме јас и ти.

Животот е чуден, брате каде одиме,

патот по кој чекориме, самите го одбравме.

Сега стисни заби, зошто верба имаме

песната е наша сила, немир да победиме.

Да си дома, да си меѓу свои ти,

да имаш сила, да поместиш планини,

само тука имам своја сенка јас,

те имам тебе и твојот нежен глас.

Неготино, 10.10.2011, сабота, 19:19.