Пред луѓето лице покривам,
во овој свет никого не познавам
може сонувам, може претерувам,
натерај ме повторно да верувам.
Пред Господа не се поклонувам,
за адет стар свеќа ќе запалам,
во душата немир не чуствувам,
јас се што знам е да пеам и да бунтувам!
Пред љубовта срце не отворам,
но има други сцени за да се докажам,
имам и друг свет ќе ти покажам
од тебе само шанса барам.
Јас немам совест, немам срам,
како стар волк слободен и сам,
само сонцето не го заборавам,
патоказ е тој, одам и му благодарам.
Битола, 13.06.2004, недела, 20:13.