Идеја за посен ручек: Скуша во бело вино

Состојки:

4 скуши

Лимон

Рузмарин

Сол

Маслиново масло

Бело вино

Прелив

7-8 чешниња лук

Магдонос

Лимонов сок

Маслиново масло

Сол

Начин на подготовка:

Исчистете ги скушите, измијте ги, посолете ги и додајте рузмарин и лимонов сок. Наредете ги на тава за печење премачкана со маслиново масло па уште малку додајте масло.

Додајте уште неколку кришки лимон и покријте со фолија за печење. Печете на 200 степени околу 10 минути. Тргнете ја фолијата па секоја риба полијте ја со две лажици бело вино и повторно вратете ја фолијата.

Печете уште 15-20 минути. Направете прелив од наведените состојки и сипете го во внатрешноста на рибата.