Се вљубил денот во ноќта,
и преку прозорец сонце ќе прати,
во нејзни од свила постели.
Топол ветер мирис ќе донесе,
на перница порака да остави,
на една стара љубов да ја потсети.
Тука сум, твој спокој и лек,
а ти негова знам за цел век.
За ноќ без него јас давам се,
барем вечерва на мене сети се!
Крај твоја улица ќе поминам,
тој спомен да го пробудам.
Ако ти случајно го видиш мојот лик,
дај ми знак, за нов среќен миг.
Збогум ноќи и без прашања,
силен ветер во џебот камења,
цврсто стојам на старо место,
повторно со своите сеќавања.
Ти и јас и сите овие години,
ќе ги заборавиш како да не постоеле,
а заедно можевме се,
се молам барем спомен да остане.