САМОВИЛА

Ѕвоно, еден багрем, еден жубор, една сенка,

ете, тоа ти е немир кој не ми дава да дремнам.

Еден глас од таму негде, една тажна лика,

после се што видов, сега имам јасна слика.

Јас сум тука, јас сум овде свој,

тебе те сонувам, свету мој!

Сопатник ми треба, чудни мисли идат,

тебе светлост моја, вечерва морам да те видам.

Очи, широко отворени како зрел и црвен плод,

дали тоа е од ова светло,

или овој нектар, берба некоја со лош род?

Во душата на природата со срцето и гледам,

на виното и песната мислам, а овде седам.

Седам сам на сред чардак широк,

самовилска песна да слушнам.

Чекам, а сепак знам дека со утрото ќе дојдеш,

а јас пак нема да те видам.