ТИ БЛАГОДАРАМ ТЕБЕ, ПЕРО

Ме помилува тивко со првиот зрак,

ти сонце преку прозор испрати знак,

а во ноќта пријателски се разделивме, беше мрак,

за денот нов да започне со тебе пак.

Денот мирно дојде со песна од рајот,

а јас на почеток сум, не се гледа крајот.

Ќе побарам помош, ќе соберам сила,

да те создадам морам песно моја мила.

Се радувам како пред години многу,

детски тропот в срце слушам, чудно, јас сум.

Благодарам тебе мое перо смело,

ти си ми најверен пријател и кога се е бело.