Екипата на Анталија ќе биде следната во кариерата на Петар Ангелов, кој ги одработува последните денови од договорот со Вардар. Иако постоеја информации дека ќе се пензионира, со ова само се потврдува дека останува на терените.
Тимот од Турција чиј дрес ќе го носи популарниот Диви сезонава беше на средина од табелата, но има план за далеку поуспешна 2017/2018, така што очекувањата се да се влезе во битка за подобар пласман, па Ангелов со своето искуство ќе има голема улога во зголемувањето на формата. Се очекува тој да донесе цврстина на одбраната на Анталија.
Инаку, денес Ангелов ќе отпатува за Келн, на завршниот Фајнл Фор од Лигата на шампиони во ракомет.