Вранецот на Тиквеш со ново признание

Уште еден златен медал за врвното автентично вино на Винарската визба „Тиквеш“ – „Вранец Спешал Селекшн“ од бербата 2015. Овој пат највисоката наградата е доделена на најголемиот меѓународен вински натпревар што се оджува во Канада (Selections Mondiales de vins Canada), во конкуренција од над 1800 вина од целиот свет.
На својот прв настап на еден од најреномираните натпревари во Италија (Citta del Vino), во конкуренција од над 1.200 вина кои воглавно потекнуваат од винските региони на Италија и Португалија, врвното тероар вино на „Тиквеш“ – „Барово (црвено) 2015“ исто така се закити со златен медал.

Покрај освоените златни медали на овие два реномирани светски вински натпревари, вината на „Тиквеш“ оставија одличен впечаток и на регионалниот натпревар Balkans International Wine Competition 2017, што се одржува во главниот град на Бугарија, каде четири вина на „Тиквеш“ се наградени со сребрени медали, и тоа: „Вранец Спешал Селекшн“ и „Александрија куве црвено“ од бербата во 2015-та, како и „Каберне Франк Спешал Селекшн“ и „Темјаника Спешал Селекшн“ од бербата 2016-та.

Со овие високи награди, освоени на престижните светски и регионални вински натпревари, Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година е на прагот да го повтори успехот од минатите години кога редовно го надминуваше бројот од 50 признанија за своите врвни автентични вина, со што го потврдува епитетот најнаградувана винарница од целиот регион.

Уште еден златен и бронзен медал за вината од брендот „Домен Лепово“

Македонското премиум вино „Домен Лепово Гранд Куве“, од бербата 2013-та доби уште една потврда за својот квалитет, овој пат освојувајќи златен медал на меѓународниот вински натпревар во Канада (Selections Mondiales de vins Canada).

Во 2017-та година, ова е втор златен медал за „Домен Лепово Гранд Куве“ на меѓународно ниво. Тоа претставува најдобра потврда за неговото високо реноме, исклучителен квалитет и уникатен карактер.

Дополнително, стручното жири на годинешното издание на Balkans International Wine Competition му додели бронзен медал на „Домен Лепово Шардоне“ од бербата 2016-та, со што ова вино го повтори успехот од претходно одржаниот светски вински натпревар International Wine Challenge 2017 во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *