Запознајте го Eto, новото уникатно шише за вино

Добрата чаша вино во текот на вкусната вечера или по завршувањето на стресниот ден е можеби една од најубавите работи на светот, а дизајнерот Том Котон тоа добро го знае.
Од таа причина, тој го креирал ова фантастично шише за чување на Вашето вино, кое не само што плени со својот дизајн туку има и одлична функција. Оваа преубава флаша наречена Eto е специјално дизајнирана да го сочува единствениот вкус на виното по неговото отворање.
Кога ќе го претурите виното во оваа флаша, долгиот “тунел” кој се наоѓа во неа нежно го снабдува виното со кислород, додека острите краеви на шишето овозможуваат да го сипете виното без пролевање. Во прилог на креативната конструкција, бакарниот додаток дава еден елегантен изглед на оваа иновација.

2
Преостанатото вино го зачувува совршениот вкус и мирис, благодарение на софистицираниот систем. Следејќи ги резултатите од лабораториските тестови, докажано е дека специјално дизајнираната тапа го запира процесот на оксидација на виното и го одржува свежо дури и до 12 дена по отворањето.

3
Шишето е точно дизајнирано со цел да стои во вратите на стандардните фрижидери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *