Од заборавено вино до вистински светски вински хит

Розе виното никогаш не било прв избор за пијачка никаде – ако пиеме вино, пиеме бело или црвено, пиеме жестоко, пиеме кисели води, ама розето, некако – не доживеа масовно опивање. До сега.
Америка (а и светот), во последно време повторно го открива розевото вино, до тој степен што никнуваат насекаде онакви местенца како за бранч, чија вредност се мери во тоа колку се инстаграмливи, украсени со розево-бели чадори, каде што се точат различни брендови на розе, а луѓето си играат возрасни.
Нијансите на фотогеничното вино – секакви, од шеќер до лосос, во шишиња што се испраќаат од Франција, до Калифорнија, до Нов Зеланд.
Демографијата? Па, не се само basic white girls, што би се рекло. Во денешно време кога миленијалците се освестени по прашање на слобода, изразување и родова еднаквост, мажите немаат апсолутно никаков проблем да се налеваат со розе. Дури има и назив за нивното – brosé.
Има и за кога е замрзнато – frosé. И не завршува тука.

Glasses of white wine in a line
Адам Бернбах, менаџер за пијалоци за винскиот бар Proof и ресторани како еден Естадио во Вашингтон, смета дека еден совршен тек на настани, меѓу кои и тоа што Американците прошетаа подалеку од Париз, по јужна Франција е причината што порасна популарноста на розето. Но главната причина, според него се луѓето што денес го вртат светот: влијателните (од оние по социјалните мрежи).
И сега, во време кога постои хаштагот #roséallday, ова вино од „тоа виното од картон што го пие мајка ти“, станува икона на поп-културата, лајфстајл и статусен симбол. Нема врска дали разбираш. Битно е дека е розевкасто, слатко и супер за на Инстаграм.

15673010_1848397708715002_7430953118688360925_n
Плус, лето е. Некако нема поприкладно вино особено од првенецот на винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“, највпечатливото розе вино кое се појавило на нашиот пазар децении наназад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *