Туристите восхитени од музејот на виното во Демир Капија

Музејот за вино во Демир Капија е интересен за домашните и за странските туристи, оценија денеска проект менаџерот Звонимир Будимировиќ и кустосот Цветанка Митрева, информирајќи за активностите во оваа културна институција.

– Од музејските поставки кои сведочат за историјата, традицијата и културата на производство и преработка на грозје на овие простори, се воодушевуваат и младите и старите. Се интересираат и за природните реткости и ресурси околу Демиркаписката клисура како камено царство, ридот со кактуси, околните пештери, белоглавите орли, појасни Будимировиќ.

Од странците, во овој период најбројни биле туристите од Германија и Србија.

Museum-of-Wine-Demir-Kapija-Macedonia-MKmaps

– Сите што доаѓаат, сакаат да ја слушнат винската приказна крај железната порта и да научат нешто повеќе за винските патишта. Се работи за гости кои се дел од туристички тури, кои се во обиколка на атрактивни места во Македонија, рече Митрева.

Двајцата изразија надеж дека бројот на посетители ќе се зголемува, особено во ова време од годината, кога голем број туристи транзитираат по автопатот Демир Капија-Смоквица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *