Магијата на италијанските вина

Познато е колку Италијанците се познати по нивното чувство За убавина. Најдобар дизајн, мода, архитектура, италијанската кујна, музика, филм … Колку се прекрасни нешта во светот се поврзани со оваа земја. Ако на сето ова ја додадаме и италијанската страст, тогаш и не е чудно што многумина мислат дека најдобрите вина доаѓаат само од Италија.
Италија има 20 вински региони, и може да се каже дека целата земја произведува вино, не само поради многуте вински региони, бидејќи исто толку има и во Унгарија, туку затоа што и покрај тоа што спаѓа во земјите со релативно мал број на вински региони, 30% од вкупното светско производство потекнува токму од Италија.
Сепак, колку што италијанското вино е синоним за добро вино во светот, сепак за многумина имињата на сорти, како што Барбера, Sanđoveze или Nebjolo сеуште се непознати. Италијански сорти се одлични во Италија, но во другите делови на светот не успеваат, и затоа помалку се одгледуваат, па тоа е една од причините зошто истите остануваат непознати за широката јавност. Едни од најпознатите италијански вина во светот се Lambrusko и Barolo, најпознати вински региони се Тоскана, Пиемонт и три мали региони во североисточниот дел на земјата, во близина на Венеција.

great-barolo-and-barbaresco-wines
Пиемонт е познат по сортата Nebjolo, од која се прават Barolo и Barbaresco, две светски познати вина. Barolo и Barbaresco се силни црвени вина со многу танини и не би требало да се пијат додека не одлежат најмалку три години, затоа што така добиваат на квалитетот. Овие две вина може да „лежат“ во винариите и по 10-15 години, а ако сте ги купиле за дегустација дома, не заборавајте да ги декантирате пред да ги послужете. Во Пиемонт може да се најде и Барбера, која е втора најзастапена сорта грозје во Италија, која дава богати овошен вкусови на виното со висока содржина на киселина. Пиемонт е најпознат по своите црвени вина, но и едно бело за кое сигурно сте слушнале. Тоа е Gavi, кој наречен по истоимениот град каде што се произведува, и се карактеризира со нагласена сувост и киселини.

Тоскана покрај целата своја убавина нуди и едно светски познато вино – Chianti. Chianti е вински регион во Тоскана, која има седум области. Најпознатата област во Chianti е Classico, а виното Chianti Classico барем еднаш сте го пробале, бидејќи ова вино се продава насекаде низ светот, вклучувајќи ја и нашата земја. Chianti вината се разликуваат како по стилот и начинот на одлежување, така и по мешавината од повеќе сорти на грозје, иако најголемиот дел од овие вина се произведуваат исклучиво од сортата Sanđoveze. Друго популарно вино кое потекнува од Тоскана е Brunello di Montalcino, кое своето име го добило по градот сместен во старата тврдина. Иако ова вино се произведува уште од деветнаесеттиот век, својата популарност ја добива во 1970 година, кога го промовирало најпознатото винско семејство во Montalcino. Brunello di Montalcino се прави од само една сорта на Sanđoveze и тоа е вино кое има потреба да одлежи многу години, па дури и неколку часа во декантер пред истото да биде сервирано. Традиционалното Brunello di Montalcino вино е многу скапо, но производителите се сетиле како да ја направат цената поприфатлива за што поголем број потрошувачи, па почнале да го произведуваат Росо di Montalcino, кое и нема многу потреба да одлежи.

fiasco.640x480

Ако патувате во Венеција Вашите домаќини сигурно ќе ви понудат бело вино Soave или црвено вино Valpolićela. За овие вина нема премногу да ви пишуваме, туку ќе оставиме самите да заклучите. Нека биде тоа вашата домашна задача на тема италијански вина. Покрај вината кои што веќе ги споменавме Италија има многу други познати вина. Се надеваме дека оваа приказна ќе ја поттикне вашата имагинација и самите ќе продолжите да ги истражувате италијанските вина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *