Денови на вино, мед и сирење во Охрид

Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид од 7 до 14 август годинава организира „Денови на мед, вино и сирење“. Посетителите на манифестацијата која ќе се оддржи на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар, ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи на охридскиот регион.

„Денови на медот“ ќе се одржи во периодот од седми до деветти август, а ќе се презентираат медот и производите од мед изработени од локалните производители.

Потоа следува Фестивалот „Вино и сирење 2018” што ќе се одржува на 10 и 11 август како своевиден регионален мини саем на кој се презентираат виното и сирењето од пограничниот регион Охрид – Преспа. Манифестацијата е осмислена како можност за презентација на традиционалната гастрономија, на нови техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки. Истиот се проценува дека има потенцијал да стане редовен настан во рамки на збогатување на содржините што им се нудат на туристите кои летуваат во Охрид.

Манифестациите ќе бидат збогатени и со музичка програма преку настапите на ансамбалот „Билјана Јуниор“ и оркестарот „Климе Садило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *