Стево Карапанџа: Виното е голем афродизијак

Виното несомнено е еден од најголемите афродизијаци. Тоа го порачува и познатиот Стево Карапанџа, домаќинот на единственото шоу за готвење во поранешна Југославија. Тој вели опуштена атмосфера и вино, но во умерени количини. И веројатно веќе знаете дека пиењето вино е форма на стимулација на либидито позната уште во антиката. Многумина велат дека пиењето вино често може да се доживее како еротско искуство, го опушта нашето тело и ги стимулира нашите сетила. Ги релаксира нашите мисли, го редуцира стресот и напнатоста, нѐ опушта, а во малку поголеми количини ја намалува нашата несигурност и срамежливост.

knjiga_predstavlja_244075S1
Постојат различни теории. Некои велат дека црвеното вино значително ја зголемува желбата за секс кај жените. Италијанските научници сметаат дека хемискиот состав на црвеното вино може да ја зголеми сексуалната желба со зголемување на дотекот на крв во клучните делови на телото. Тие ги поделиле жените од 18 до 50 години во три групи. Во првата група биле ставени жени што консумираат 1-2 чаши црвено вино дневно, втората група консумираат некој друг вид алкохол, а жените од третата група не пиеле алкохол. Тие пополнувале прашалник со 19 прашања, на кои највисока оценка била 36. Индексот на сексуална желба е повисок, ако оценката е поголема. Жените што пијат 1-2 чаши црвено вино на ден, постигнаа просек од 27,3 бодови. Оние кои пијат чаша од друг алкохол, имале индекс 25,9, а оние кои не пијат алкохол имале 24,4 поени.
Нема да ги раскажуваме сите истражувања на научниците, туку ќе ви дадеме неколку рецепти со кои ја ќе изненадите својата драга личност и ќе си помогнете да имате незаборавна вечер.

White Wonder
1 шише бело вино (изберете го своето или нејзиното омилено вино)
1/2 лажичка течен мед (старите Египќани го користеле медот како лек против стерилитет и за импотенција. Медовина – алкохолниот пијалак направен од мед, во средниот век го користеле за заведување девојки)
неколку капки есенцијално масло од ванила (самиот мирис на ванила ги стимулира и мажите и жените)
неколку капки есенцијално масло од роза
Начин на подготовка:
Додадете го медот во белото вино. Загрејте го во сад на помала температура. Додадете ги сите капки од маслата. Тргнете го од шпоретот. Послужете во убави вински чаши и уживајте.
Red Dream
1 шише црвено вино (изберете сами кое вино ќе го користите)
неколку капки есенцијално масло од рузмарин (рузмаринот е билка на љубовта и сеќавањата. Етеричното масло од рузмарин се користи како афродизијак)
неколку капки есенцијално масло од лимон (Индијанците го користеле лимонот за истерување на лошите духови. Мирисот на лимон може да помогне во чистење на умот, подобрување на фокусот и концентрацијата)
неколку капки есенцијално масло од цимет (мирисот на цимет забележително го подобрува либидото и кај мажите и кај жените. Маслото од цимет пак му дава на виното прекрасен вкус)
Начин на подготовка:
Додадете ги маслата во шишето со вино. Откако добро ќе промешате, сервирајте веднаш. Може да го оставите виното да отстои 24 часа за да се соединат вкусовите.
Citrus Spice
1 шише црвено вино или бело вино
2 капки есенцијално масло од сладок портокал (ова масло го загрева срцето, смирува и помага при елиминирање на токсините во организмот)
1 капка етерично масло од цимет (веќе зборувавме за неговото дејство)
1 капка есенцијално масло од морско оревче (Арапите одамна го користат морското оревче како афродизијак и како лек. Но, во преголеми количини може да биде смртоносно. Затоа не користете повеќе од една капка)
Начин на подготвување:
Додај ги сите состојки во виното. Нека отстојат најмалку 24 часа, по што напитокот е подготвен за да ја заведете и импресионирате вашата сакана личност.
Moments
1 шише слатко црвено вино
9 ливчиња босилек
9 црвени ливчиња од роза
9 каранфилчиња
9 семки од јаболко
9 капки екстракт од ванила
9 капки мед
9 капки сок од јагоди
9 капки сок од јаболко
1 женшен корен
Начин на приготвување:
Ставете ги сите состојки во сад и оставете го на оган додека да заврие. Потоа намалете ја температурате и оставете ја смесата да врие 5 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *