Каде се произведува најздравото вино

Вино со најголем процент на антиоксидансот ресвератрол се произведува во Шпанија.
Експертите во истражувачкиот центар „Долмар“ во Ла Риоха се заслужни за правење на најздравото вино, благодарејќи на ресвератролот, супстанца која ја создаваат билките бранејќи се од бактерии и гливични инфекции.
Во клинички услови е докажано дека тој антиосиданс е повеќе корисен од било која витална хранлива состојка:фосфор, калциум, витамин Ц и Е.
Виното е без вештачки додатоци, а неговата корист за човечкиот организам е огромна.
„Тоа е моќен антиоксидант. Добар е за циркулација, а спречува некои видови на тумори“, велат од Долмар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *