Кога некој сака да ослаби, најчесто престанува да ги јаде омилените работи, како на пример чоколадо. А, не требало така.
Професор Тим Спектор од King’s College London вели дека тајната на успешна диета е да се јаде најразлична храна.
Според професорот, нема потреба од исхраната да се исфрлат чоколадо, сирење и вино ако тие му се омилени на човек, затоа што баш тие може да помогнат во култивирање на повеќе тнр. добри бактерии во цревата, што пак може да бидат од помош да се биде слаб.
„Ги внесуваме микробите и тие завршуваат во нашиот стомак каде се модифицираат со нови видови на храна што се воведуваат во текот на годините. Колку поразлична храна јадеме, има толку повеќе видови на бактерии во нашето тело, што нè прави поздрави“, изјавил Спектор.
Според професорот, за човек не е добра брзата храна.
Нашите предци редовно внесувале околу 150 состојки неделно, а денес повеќето луѓе консумираат помалку од 20 различни видови на храна. За жал, вели Спектор, повеќето преработени прехранбени производи се од само четири состојки: пченка, соја, пченица и месо.