Ровки, меки, вкусни, миризливи, колаченца од кои се станува зависен. Овој рецепт е во нашето семејство од кога знам за себе, сигурно има 30 години. Не претрпел измени бидејки не му се потребни. Совршен е.
Подготовката е едноставна. Во поголем сад се ставаат сите состојки за тестото и се меси тесто додека не се добие убаво, меко и мазно тесто. Во ова тесто можете да додадете и 10ина грама (1 пакување) ванилин шеќер.
Од тестото сукате кора со дебелина помалку од половина сантиметар, со калапчиња извадете форми и редете ги во плех на хартија за печење. Доколку користите Делимано, нема потреба од хартија, воопшто не лепи, испорбано безброј пати.
Печете 10-15 мин на 200 степени и извадете ги да се оладат.
Кога ќе се оладат, земете едно колаченце, премачкајте го со џем или крем по избор и прилепете го со друго колаченце со иста форма. Извалкајте го во прав шеќер. Можат да стојат на ладно и до еден месец, ама нема шанси да стојат. Превкусни за некој да знае дека ги има дома и да не ги јаде.
За поинтензивен ванила мирис, валкајте ги во ванилин шеќер.
Уживајте во магијата!