Кина станува значаен играч на светскиот пазар на виното

Глобалниот пазар на виното пораснал мината 2015 година за речиси 11 отсто, благодарејќи на поголемото количество вино кое е консумирано но и произведено во Кина, објави Меѓународната организација за лоза и вино (OIV).
Вкупната вредност на пазарот на вино во 2015 година изнесувала 28,3 милијарди евра, а Франција за задржала водечката позиција на убедливо најголемиот извозник искажано преку вредноста на пазарниот удел, кој изнесувал 29 отсто, односно 8,2 милијарди евра.

 

Мерено преку обемот на извозот, Франција, пак, го заземала третото место, со извезени 14 милиони хектолитри вино. Тоа укажува на високиот квалитет на француските вина кои постигнуваат повисоки цени отколку на конкуренцијата, наведува AFP.

 

Првото место во светот според обемот на извозот минатата година го заземала Шпанија со 24 милиони хектолитри, но според вредноста на пазарниот удел од 2,64 милијарди евра, паднала на третото место, поради релативно ниските цени на извезените вина.

 

Позицијата на втор најголем извозник на вино во светот според вредноста на пазарниот удел го зазема Италија, со 5,3 милијарди евра и удел до 19 отсто. Обемот на извозот е намален пак за 2 отсто, на 20 милиони хектолитри, наведува OIV.

 

Организацијата ја истакнува сé позначајната улога на Кина за поттикнувањето на глобалниот раст на консумирањето и производството на вино.

 

Најголемите консументи на вино во светот се Американците, кои минатата година испиле 31 милиони хектолитри вино, еден отсто повеќе отколку во претходната 2014 година. Најмногу, пак, за 3,2 отсто, е зголемено консумирањето на вино во Кина, која со тоа го заземала лани петтото место, со проценети испиен 16 милиони хектолитри вино.

 

На тоа се додава и фактот дека Кина во споменатиот период значително ја зголемила површината под лозови насади, за 34 илјади хектари, додека другите земји производители главно благо ги намалиле, се наведува во извештајот на OIV.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *