Чаша вино прави жените да изгледаат поубаво, но не и втората, се вели во последното британско истражување.
Конзумирањето на вино и друг алкохол во мали количини ја прошируваат зеницата на дамите, нивните јаболчници стануваат розови и овие промени ги прават поубави.
Покрај тоа пијалокот ги опушта мускулите на лицето. Но, втората чаша го расипува сето постигнато од првата, предупредуваат научниците од Универзитетот во Бристол, Англија. Розовите образи поцрвенуваат, а мускулите на лицето почнуваат да изгледаат неприродно.
Екипата спровела експерименти со 40 студентки, на кои им понудиле да конзумираат различни количини алкохол. Трезните пријатели требало да ја оценат нивната атрактивност. Најдобри резултати имале студентките, кои испиле само една чаша вино. А најлоши при конзумирањето на две чаши.
Шефот на студијата Маркус Мунафо предупредува: Ова не значи дека алкохолот е здрав! Но тој-помага во мали количини, за зголемување на атрактивноста на дамите во туѓите очи!