Снегот добредојден за земојделците

Снегот кој падна во атарот на неколку поткожувски села нема да штети на лозарството како што стравуваат лозарите ами напротив, е добредојден за земјоделските култури. Ова го изјави пензионираниот магистер по земјоделски науки со долгогодишно искуство, Диме Златев од Кавадарци. Како стручно лице во земјоделството, тој често дава стручни мислења во оваа област.

„Снегот всушност добро ќе влијае врз сите земјоделски култури. Бидејќи во изминатиот период немаше дождови, а имаше топли ветрови и имаше потреба од пролетна влага во почвата. Некои од земјоделските култури имаа неопходна потреба од вода бидејќи се соочија со криза од влага во текот на растењето“ – нагласи Златев.

Тој додаде дека влагата од стопениот снег ќе им помогне на земјоделските култури во нивното растење и формирање на плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *