Која е дозволената дневна количина на вино?

Лековити својства на виното се познати, но која е вистинската доза која можете да си ја дозволите. Дозволената количина може да варира зависно од полот, возраста, генетските фактори, телесната тежина, конзумирањето на разни видови храна и употребата на лекови.
Женскиот организам има тенденција за побрза апсорпција на алкохолот поради тоа што содржи помало количество вода во огранизмот и помало ниво на стомачни ензими. Поради тоа умерената количина за мажи и жени на иста возраст и со иста телесна тежина не е еднаква. Препораките за @умерено конзумирање“ се 1-2 чаши на ден за жени и 2-4 чаши на ден за мажи. Оваа препорака не го оправдува пиењето на 12 чаши вино во неделно попладне.

brindisi amoroso
Се препорачува конзумирање на црвено вино за време на оброк со што се намалува ресорпцијата на мастите, како и помалото влијание врз крвниот притисок. Злоупотребата на алкохолот штетно влијае на повеќе органи и може да доведе до покачен крвен притисок, нарушувања во крвта, оштетување на црниот дроб, канцерогени промени, неплодност, оштетување на мозокот, најчесто деменција, псоријаза, мозочен удар, мускулна атрофија, а за време на бременоста може да настане ментална ретардација на плодот.
Кај пациентите со одредени ревматски заболувања не се препорачува алкохол поради неговиот ефект во зголемувањето на уричната киселина во крвта. Поради „неизвесниот” ефект на алкохолот, не се препорачува кај кардиомиопатиите. Мора да се напомене неговото интерактивно дејство со одредени лекови како што се нитрогицерин, анксиолитици, неуролептици и контрацептиви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *