Во рамки на промотивните активности на најголемиот outdoor настан во Македонија, Алшар 2017, здружението Тиквешки Точакџии гостуваше на најголемите македонски национални медиуми, претставувајќи ја својата програма и активности кои не очекуваат овој викенд.
Од организациониот одбор на здружението Тиквешки точакџии и тимот задолжен за медиумска промоција и презентација на настанот, јавно искажуваат благодарност до сите медиуми кои одвоија простор и време и ја раскажаа приказната за Алшар.
„Би сакал да му се заблагодарм на јавниот сервис МРТ и утринската програма, што одвоија простор и време за македонската јавност од прва рака да дознае за најголемиот македонски outdoor настан, Алшар 2017.
„Ја сакам Македонија“ и Сител телевизија исто го препознаа настанот и на нашата екипа и посакаа топло добредојде во нивното студио.
Со најголема возбуда, телевија Телма во свој дух ја раскажа приказната за тајната на постанокот на светот на македонската јавност, како и приказната за лорандидот која ја раскажа професорот Блажо Боев.
Веднаш по враќањето од Келн, ракометниот клуб Вардар и македонската спортска легенда, Петар Ангелов – Диви не примија во спортскиот храм „Јане Сандански“ и ни дозволија и ние да го кренеме шампионскиот пехар од ракометната лига на шампиони.
Прекрасно си поминавме и на гостувањето во ТВ 24 Вести, кои одвоија доволно време да нас“ – ни рече Душко Стефанов, координатор за медиуми на настанот.
Во продолжение од разговорот, Стефанов потенцираше дека нема да погрешите ако овој викенд го поминете во пазувите на Кожув планина. „Почуствувајте ја моќта на сонцето, дознајте ја тајната за настанокот на светот“ – дополнува Стефанов.