Заврши втората Алшар авантура

Ниту дождот, ниту облаците кои беа на дофат на сите оние кои беа дел од последниот ден од најголемата македонска аутдор авантура, ниту пак студените ноќи во пазувите на Кожув планина не успеаа да го расипат впечатокот од второто издание на Алшар 2017 кое донесе адреналин, возбуда и авантура, но и кое ни потврди дека Тиквешките точакџии покрај тоа што се најбрзорастечкото друштво, се и најдобро организираната група која функционира беспрекорно, па дури и во услови кои се далеку од идеални.
Фактот што повеќе од 500 велосипедисти, речиси исто толку планинари и рекреативци и покрај информацијата за тешкиот терен и калливите патеки без размислување одлучија да го доживеат Кожув во едно поинакво издание, и тоа како говори колкава е желбата и љубовта на вљубениците во планината и планинскиот спорт кои викендов престојуваа во Мрежичко, но и за вербата во организациските способности на Тиквешките точакџии кои обезбедија поддршка од секаков тип за сите велосипедисти кои имаа минимални проблеми во возењето.

SONY DSC

Хронолошки, фестивалските активности на годинашното издание на „Алшар“ 2017 започна во петокот, кој беше предвиден за пристигнување на првите учесници. Првата фестивалска вечер пак беше посветена на традиционалното и македонското, во кое главниот збор на сцената го имаа културно уметничкото друштво „Тиквеш“ од Кавадарци и групата Чардак.

IMG_8873

По студената ноќ, саботното препладне во Мрежичко донесе повеќе од 50 моторџии, кои први ја тестираа големата велосипедска патека. Точно на пладне започна возбудливото патување по стрмната патека која води до Темната пештера која оправдано го носи ова име. Попладневната програма пак беше резервирана за кавадаречките диџеи, игрите во влечење на јаже и пиење свежо Македонско пиво, во кои и покрај силната конкуренција, доминираа членовите на Тиквешките точакџии. Спуштањето на сонцето го најави настапот на диџеј Славе Келешовски, а веднаш по неговиот настап следуваше официјалната промоција на серијалот „Време за лакардиите на Паја“ во продукција на РТК.мк. Смеењето и аплаузите на видео едицијата на вицовите на кавадаречката урбана легенда, Златко Вузевски – Пајата потврди дека овој проект е вистинско освежување во времето во кое се помалку има искрен хумор кој знае да засмејува до солзи. Вечерта ја заокружи кавадаречката рок атракција Smoke Shakers кои ја кренаа атмосферата до ниво што ниту силниот дожд не беше пречка да се остане на подиумот.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

Дождот го продолжи своето шоу и во текот на ноќта, но и во раното неделно препладне, создавајќи му дополнителни главоболки на организаторите. Откако бројните велосипедисти не ја прифатија одлуката да се вози само малата планинарска тура, организаторите брзо ја променија својата одлука, на радост, но и на одговорност на сите. Веднаш по објавувањето на одлуката, следуваше официјалното отворање во кое на присутните им се обратија македонската автомобилска легенда, Игор Иџе Стефановски, кој упати честитка за организацијата на настанот и го прогласи истиот за отворен, за веднаш по него пред присутните да се обрати и Живко Гурев, претседател на здружението „Тиквешки точакџии“.

SONY DSC

SONY DSC

По официјалниот дел, стартно целната рамнина први ја напуштија велосипедистите кои ја возеа големата велосипедска тура, а веднаш по нив стартуваа и малата и голема планинарска тура, која и годинава ја координираше планинарското друштво Орле од Кавадарци. Последни од стартно целната рамнина заминаа велосипедистите кои ја возеа малата тура и рекреативците од Меридијан Атлетик Клуб кои по втор пат трчеа по крос кантри патеката. За останатите присутни и гости, беше организирана посета во производствениот погон на пиварата на „Кожувчанка“ ДОО, каде што стручни лица во целост го објаснија процесот на производство на Македонско пиво.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

Од таму, случувањата се префрлија во централната фестивалска зона, каде кавадаречките диџеи го продолжија шоуто кое го започнаа уште во петокот, но и каде пристигнуваа и првите учесници. Со безброј спомени со себе, стотици фотографии во мобилните и многу кал на себе, уморни од тешкиот терен, учесниците беа пречекани со топол оброк и многу гости кои континуирано пристигнуваа од Кавадарци.
Пред официјалното спуштање на завесата на второто издание на Алшар, следуваше богата наградна игра во која се разбира главна награда беше велосипед за нов учесник на третото издание на Алшар 2017, кое ќе следува веќе наредната година.
До тогаш, ќе ја раскажуваме приказната како по дождот успеавме да го допреме сонцето и за мистичниот Алшар која благодарение на Тиквешките точакџии се помалку е табу тема за сите нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *