Дури до 4,6 милиони шишиња шпанско Розе вино се означени како француски и продадени на француски кафулиња, хотели и ресторани, информира ББЦ.
Откритието доаѓа после две годишна истрага од францускиот Орган за борба против измама, којашто вклучи произведувачи, увозници, трговци и дистрибутери.
Додека поголемиот дел од виното било соодветно означено, околу 3,45 милиони литри шпанско вино се продало како француско.
Најчестите престапи биле прикривање на вистинското потекло на виното или лепење на француски симбол како француското знаме со етикети од типот “произведено во Франција.“
Овие откритија особено им прават штета на производителите во регионите на Јужна Франција каде винариите се борат против евтиното увозно шпанско вино.
Според француските власти секој кој е вклучен во измама од ваков тип може да лежи две години во затвор.