Започна одбројувањето до третото издание на Винодонија

Последниот ден од месец октомври беше всушниот првиот јавен работен ден за екипата на Винодонија, која се собра во срцето на главниот град, Скопје, во вино барот и ресторан Пастел.
Пригодна реч и топло добредојде на присутната новинарска фела која ќе го следи и годинешното издание на Винодонија им посакаа Александар Вучковски и Дејан Донев.
Всушност првата средба претставуваше едукативна работилница (како и да звучи тоа) за претставниците од новинарската фела. За добредојде, Пресеко, врвно пенливо вино, а после него, се по ред. Всушност, ова дружење претставуваше борба со сетилата, напрегање на мозочната кора, и ставање во функција на сите човекови сетила, борејќи се со совршеноството на неговото величество виното.
Да се спои храна и вино, а притоа советите и искуството во вид на винска приказна да биде слушната од Александар Вучковски, врвниот македонски сомелиер, ете тоа е совршенство.

1
И пак се враќаме на почетокот на приказната…
Одлично одбрана локација, совршен амбиент, француска традиција на вкусни пецива, и доближување на француската кујна, селективно и со најголемо внимание одбрана винска карта во соработка со мајсторот на својот занает, Звонко Херцег и на крај, десерт и малку винска поезија.

2
Ете така изгледа еден вински брифинг во Република Македонија, но само кога тоа го прави организаторот на најзначајниот македонски вински настан, Винодонија.
Оваа година, 2018та, за прв пат ќе ја слушнете оригиналната приказна на сите гости винарии преку силната новинарска и уметничка екипа од специјалната press room во хотел Мериот, на 23ти и 24ти ноември.

4
Иако за нас важи правилото „нема ден без вино – нема ден без сонце“, оваа убава навика преку вински приказни и фотогалерија ќе ја следите ексклузивно, секој ден од денес па се до вечноста на винотика.мк.

3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *