На Санторини се е уникатно, па и виното

Ако кај нас летото е веќе минато кое станува се подалечно, на југот на Грција, во фантастичниот Санторини сеуште можете да шетате по кратки ракави, да уживате во уникатниот залез на сонцето кое буквално паѓа пред Вашите очи, а целата романтична глетка да ја залиете со локалното Винсанто.
Овде се е уникатно, куќите од бел камен, подготовката на храната, но и виното кое се прави на многу поразличен начин од конвенционалниот и општо прифатен во светот.

1920_iStock_000026350148_Full
Согласно традиционалниот процес на производство на вино, грозјето по берењето се суши на сонце 12 до 14 дена, а потоа од него се прави вино кое може да се најде исклучиво во локалните винарии.
Ако прашувате за цената, тогаш не одете на Санторини, затоа што таму се е преодредено за уживање кое нема цена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *