Семејната винска приказна на Дудин која стана синоним за вино

Кога семејната дополнителна дејност за зголемување на фамилијарниот буџет ќе прерасне во љубов, тогаш се раѓаат големи љубови кои задолжително носат прекрасни приказни. Ова некако би било увертира за винската приказна за семејството на Глигор Дудин, основачот на винаријата Дудин.
Иако кога прв пат ќе го чуете името на локацијата на винаријата прво нешто што Ви доаѓа на памет е еден од најдобрите воени полигони во Европа, сепак на прекрасниот имот во атарот на Криволак наместо на војна, се потсетува на вино и љубов, особено кога ќе го почуствувате нивното вино во интимниот ресторан и собата за дегустација кои се вклопени во целиот комплекс.

Dudin-04
Иако винаријата Дудин постои уште од далечната 1989 година, пресвртниот момент се случува дури во 2004 година кога целиот фокус се става на производство на високо квалитетно флаширано вино во пакувања од 0,75л. Капацитетот на винаријата е 500.000 литри вино, а задолжен за неговиот квалитет е тимот на млади енолози кои успешно го вградија своето знаење во денес препознатливиот бренд.

Dudin-05
Она што го прави Дудин различен од другите е виното Розе целосно направено од каберне совињон, и се разбира нивниот првенец, престижниот барик Акрато Барик Шардоне. Покрај него на листата барикни вина се и Акрато Барик Мерло и Акрато Барик Каберне Совињон. Од останатата понуда на винаријата се и одличните бели вина Ризлинг, Шардоне и Совињон блан, додека пак винската карта ја затвара листата на црвени вина Мерло и Каберне совињон.

vina_dudin_2015_001
Освен низ винотеките низ земјата, вината на Дудин може да се купат во сите поголеми супермаркети и ресторани во земјата, но и во поранешните југословенски држави, како и во Германија, Австрија, Холандија, САД и Хонгконг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *