Колку време смеете да го држите виното отворено?

Дали смееме да пиеме вино кое е отворено веќе некое време и колку долго може да стои без тапа?

Понекогаш планираме да се напиеме вино, а ни останува пола флаша. Што се случува со остатокот? Дали ќе биде сигурно доколку веќе е отворено и колку ќе се задржи неговиот квалитет?

Изјавата дека „колку е постаро виното, толку е подобро“ – е мит. Често, најдобриот рок на трање на флаша вино е две години за бело и четири до пет години за црвеното.
Кога ќе го отвориме шишето, виното започнува да прима воздух или тој влегува во шишето, а неговиот вкус и ароматични својства постепено исчезнуваат. Инаку, тоа не се случува веднаш. На пример, половина час е дури корисно. Откако ќе ја отворите флашата вино, тоа започнува „комуникација“ со воздухот, кој ги открива сите негови квалитети.

wine-bottle-open_2716322b

Но, после неколку часа, отвореното вино ќе почне да го губи својот квалитет. Дури и ако е во фрижидер, пенливото вино може да се користи само еден ден после отворањето, сувото бело вино до два дена, а црвеното до пет дена. Постојат посебни видови црвено вино, кои можат да бидат отворени до две седмици, а да не ги загубат својствата.
За да го спасите виното, доволно е само да го затворите. Најдобро е да користите специјални вакумски затворачи. Исто така, избегнувајте да го чувате виното на сончева светлина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *