Финалното одбројување до третиот четврток од ноември започна. Како доближува денот на кој за прв пат ќе се отворат бочвите со вино од новата реколта, искушението станува поголемо. Македонија се вклучи во овој тренд, па веќе неколку години винариите низ земјата со пригодни програми го одбележуваат Божуле, иако идеата зад овој настан е многу поголема, а доаѓа од каде, ако не од винска Франција.
Традицијата на Виндоден започнува во 1951-ва во Франција кога тие решиле да промовираат и афирмираат нов вински регион Божуле, наспроти прочуените Бургундија и Шампања, како и да создадат нов бренд на ефтино, нежно обоено младо вино. По половина век, третиот четврток од ноември сеуште е денот кога се запива новото вино од тековната година.
Божуле ново е приоритетен настан во Франција, кој ништо не може да го засени. За важноста на овој ден во светот зборува и фактот што по тој повод французите во светот, најмногу во САД и Јапонија пласираат 10 милиони шишиња вино.