ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ подготвува нови изненадувања за присутните на Винодонија

Ниедна листа на вински настани во последните неколку години не би била потполна ако ја нема винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“. Непрегледните плантажи, врвните вина и единственото фиано со кое минатата година го свртеа вниманието врз себе се главна инспирација и за специјалната најава за ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ која ја подготви тимот на Винодонија, а Ви ја пренесуваме во целост.
Филозофијата на нивното верување е дека создавањето одлични вина е уметност која почнува во лозјето.

20623547_10213656137740784_1432061075_o
Големиот избор на сорти од сопствени лозја и овозможува на винаријата контрола на квалитетот и избор на соодветни локации, а со тоа и предуслови за квалитетни вина.
Нивната мисија е да направат одлични вина кои ќе ја изразат врвноста на исклучителниот тероар на микролокалитетите Возарци, Трстеник, Љубаш. На Винодонија 2018 на 23-ти и 24-ти Ноември во Мериот Хотел задолжително дегустирајте го нивното единствено Фиано, како и купажата Фаворит, Мерло и Суво горско розе.

Споделете ја Вашата винска страст!

40

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *