Пробајте ги уникатните охридски вина на „Мал Свети Климент“ на Винодонија

Како претставник од охридското виногорје и годинава на Винодонија доаѓа малата бутик винарија Вила и Винарија „Мал Свети Климент“ која го комплетира Охрид како топ туристичко-винска дестинација.
Упорниот винар Будимир Соколовиќ – Буцо ги извади од архива некои од подзаборавените локални сорти и во ново руво ги понуди на винските ентузијасти во земјава, но и на странските гости.
За сите што пропуштиле да ги пробаат уникатните Памид, Р’кацители, Охридско црно, Вранец ќе имаат можност тоа да го сторат на Винодониа 2018 на 23-ти и 24-ти Ноември во Мериот Хотел во Скопје.

vinodonija 2018

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *