Винодонија 2018 со големо задоволство Ви најавува, Гала вечера со сет-мени од 5 јадења соодветно спарени со премиум вина.
Ексклузивната гала вечера ќе се одржи на 24-ти Ноември во 21:00 часот во хотел „Мериот“ како последен настан од годинешното издание на винскиот салон Винодонија 2018.
Уникатното винско-гастрономско патување како најдобар начин да се комплетираат двата дена на дружење со виното и винариите е надополнето со креативно создадено мени од пет корса со уште повнимателно одбрани вина за секој од нив, спарено на вистински начин и презентирани од страна на добро познатиот ено-гастрономски тандем, шеф Андреј Киселички и сомелиер Александар Вучковски.
Цена на комплетно мени изнесува 2.400 денари од лице
Присуството е исклучиво со резервација, која можете да ја направите на следниве телефони 078 206 320 или 070 223 885