Пенливите вина како посебна категорија отсекогаш биле привлечни и барани од винските љубители, а нивните меурчиња се инспирација за креативност, страст и уметност. На работилницата за пенливи вина ќе имате можност да се потсетите на основните видови пенливи вина, методите на нивно создавање, малку винска географија, сличностите и разликите и се разбира споредбена дегустација на 6 пенливи вина меѓу кои и познатите шампањ куќи Moet & Chandon и Veuve Clicquot.
Низ работилницата која е закажана за во сабота, 24 ноември со почеток од 12 часот ќе ве води врвниот македонски сомелиер Александар Вучковски. Цената по лице за присуство на истата е 800 денари, а своите резервации можете да ги направите на 078 206 320 или 070 223 887.
Потсетување, со секоја купена карта за работилницата добивате 50% попуст на влезницата за главниот салон Винодонија 2018.