Само Грција извозува повеќе вино од Македонија меѓу сите земји од Балкански Полуостров, покажуваат податоците за глобалната продажба на вино во 2017 година, вредна вкупно 35,5 милијарди американски долари.
Извозот на македонските производители на вино лани достигнал 52,4 милиони долари, со кои Македонија се најде на 28. место меѓу 158 држави.
Балканскиот лидер Грција и 26. извозник во светот минатата година продала во странство вино во вредност од 87 милиони долари.
Бугарија е 31. светска винска сила со 38,5 милиони долари, Романија 37. со 27,8 милиони, Србија 42. со 18,5 милиони, Словенија 44. со 16 милиони, Црна Гора 45. со 15,2 милиони, Хрватска 46. со 14,9 милиони, Турција 51. со 9,8 милиони, Босна и Херцеговина 63. со 3 милиони.
Франција е убедливо најголем извозник на вино во глобални рамки со 10,3 милијарди долари или 29,1 проценти, пред Италија со 6,8 милијарди или 19,1 отсто, Шпанија со 3,3 милијарди или 9,2 отсто итн.