Во германско село направена елка од 1100 вински шишиња

Во чест на 1100 годишнината од основањето на своето село, жителите на германското село Нордхаим-ам-Маин направија чудесна божиќна елка од 1100 шишиња вино.

Шишињата ги држи специјално создадена метална конструкција висока неколку метри. 1099 шишиња се од вино од локалната сорта „Боксбоител“, додека 1100 шише кое се наоѓа на врвот од елката е од пенливо вино.

Елката е особено атрактивна навечер, кога ќе се запали уличното осветлување, кое ја осветлува и стаклената елка. Селото Нордхаим-ам-Маин е основано во 918 година, и се наоѓа во Франконија, во Баварија, а локалното население се занимава со лозарство и винарство.

DtMIcEHXQAA4BnT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *