Шише вино старо 200 години постигна нов Гинисов рекорд кога е во прашање цената по која некој мрсно богат колекционер одлучил да се најде на насловните страници, плаќајќи 121.000 долари за шише „Château d’Yquem“ од 1811 година.
Купувачот е приватниот колекционер Кристијан Ванек, а тој е убеден дека оваа берба (од 1811-та) е посебна, меѓу другото и затоа што е „произведена во време на големата комета, што според верувањата, го подобрува квалитетот на виното“, како што Ванек изјави за Reuters.
Тој додаде и дека ова ретко вино досега е тестирано три пати и дека секој пат добило максимални пет ѕвездички.
Високата концентрација на шеќер во „Château d’Yquem“ значи дека ова вино има подолг век на траење од останатите.
Виното ќе биде изложено во непробоен сандук во ресторанот на Ванек на Бали, во наредните шест години, после кои веројатно ќе најде некој уште поамбициозен „колекционер“ кој е „слаб“ на вино кое потекнува од годините на големи комети…