Студот предвреме ја „обра“ кратошијата во штипско

Јануарскиот поларен студ ги десеткува лозовите насади од оваа квалитетна сорта на црно, односно црвено вино. Катастрофата за лозарите ја потврдија и анализите од земените примероци, обработени во штипската канцеларија на Агенцијата за земјоделство.
„Лозарите носат примероци од лојзата каде што има катастрофални резултати. Во зависност од сортата штетите се различни, вранецот е најоштетен, има дури и до 90% измрзнување, изјави Ристо Огњанов, директор на АРИЗ – Штип.
Иако на прв поглед не се забележливи со голо око, лабаротириските анализи укажуваат на тотално уништување на лозовите ластари. Експертите се едногласни во оценката дека работите со состојбата со лозовите насади, ќе се појасни во март, кога и точно ќе се знае колку мразот и студот ги оштетиле лозниците. Сепак, какво такво излезно решение зависи од искуството во вештината на кроењето, кое се очекува да стартува за неполни две недели.
„Има измрзнување на папките, ќе видиме на пролет дали ќе има потерување од самото стебло на лозницата, за да видиме колкави се трајните штети на стеблата“ – дополни Огњанов.
Во Штип под лозови насади се 384 ХА. Со над еден милион таканаречени лозови пенушки. Годишно од нив се берат над 2.500 тони грозје, од кои се прават повеќе од 100.000 литри вино, претежно црвено од сортата Вранец и во помали количини бело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *